Курдските сили во борбена готовност близу иранската граница за поддршка на американската војска
Американски официјални лица побарале од ирачките Курди да им помогнат во потенцијална прекугранична воена операција во Иран, соопштија курдски претставници за новинската агенција Асошиејтед прес (АП).
Халил Надири, претставник на Курдистанската партија на слободата во полуавтономниот курдски регион на северен Ирак, изјави за АП дека дел од курдските вооружени сили веќе се преместени на подрачја во близина на иранската граница, во провинцијата Сулејманија, каде што се наоѓаат во состојба на „подготвеност”.
Надири потврди дека лидерите на курдските опозициски групи биле контактирани од американски претставници во врска со потенцијална воена операција, но не открил дополнителни детали.
Втор курдски претставник, припадник на групата „Комала” – уште една ирано-курдска организација – под услов на анонимност изјави дека нивните сили се подготвени да ја поминат границата во рок од една недела и дека „чекаат условите да бидат соодветни”.