Синот на Хамнеи избран за нов Врховен лидер на Иран
Собранието на експерти на Иран го избра Моџтаба Хамнеи, синот на актуелниот Врховен лидер Али Хамнеи, за следен Врховен лидер на Исламската Република, соопшти „Иран Интернешнал”.
Според изворите, одлуката е донесена под директен притисок од Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ), која одиграла клучна улога во процесот на изборот.
Изборот на Моџтаба Хамнеи претставува историски момент за Иран, бидејќи за прв пат функцијата Врховен лидер се пренесува од татко на син, што отвора дебата за наследниот карактер на теократскиот систем во земјата.
Собранието на експерти, тело составено од 88 верски великодостојници, е единствениот орган овластен да го избира и разрешува Врховниот лидер на Иран – најмоќната позиција во државата.
Засега нема официјална потврда од иранските институции за оваа информација.