Се зголемува бројот на македонски државјани затечени во загрозените подрачја – МНР подготвува евакуација
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Со сите нив се одржува постојан контакт, а се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација.
Кризниот штаб работи 24 часа
Кризниот штаб формиран вчера во Министерството продолжува со непрекината работа и е на располагање на граѓаните за сите информации. МНР преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва останува целосно на располагање.
„Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи”, порачаа од Министерството.
Контакти за помош и информации
СОС дежурен телефон (МНР):
- 075/273-732
Амбасада во Тел Авив:
- +972 54 500 8566
- +972 54 967 0546
Амбасада во Доха:
- +974 50 173 111
Амбасада во Абу Даби:
- +971 56 441 7532