Лејкерс ја прекинаа серијата на Филаделфија, но загрижува повредата на Дончиќ
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа серијата од пет последователни победи на Филаделфија, совладувајќи ја со 119–115 пред домашната публика. Сепак, триумфот беше засенет од повредата на словенечкиот ас Лука Дончиќ.
Дончиќ го напушти натпреварот на крајот од првото полувреме, држејќи се за левиот бутен мускул. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата и времето на евентуално отсуство од терените.
Остин Ривс беше најефикасен во редовите на Лејкерс со 35 поени, додека Леброн Џејмс придонесе со 17 поени и 10 асистенции.
Во останатите натпревари од вечерта, Шарлот Хорнетс продолжија со одличната форма и го запишаа осмиот последователен триумф, откако на гостински терен го совладаа Хјустон со 109–99.
Најголемото изненадување го приреди Вашингтон, еден од најслабите тимови во лигата, кој славеше над лидерот на Источната конференција, Детроит, со 126–117.