Научници предупредуваат на закана од нова пандемија во 2026 година
Не секој вирус станува пандемија но некои со причина внимателно се следат.
„Нипах“ е еден таков вирус. Се пренесува од животни на луѓе, може да се пренесува и помеѓу луѓето, а може и сериозно да ги зафати мозокот и белите дробови. Токму таа комбинација е причината зошто глобалните здравствени експерти внимателно го следат развојот.
Покрај тешките респираторни симптоми „Нипах“ предизвикува и фатален енцефалитис. Прв пат е идентификуван во 1999 година во Малезија и Сингапур и претставува голем проблем врз глобалното здравје заради кое и се предупредува уште од времето на Ковид пандемијата особено ако се знае дека за овој вирус не постои ниту вакцина ниту лек.
Индија моментално е земјата која се обидува да ја „смири“ смртоносната епидемија предизвикана од вирусот „Нипах“ во Западен Бенгал каде што се потврдени пет случаи, вклучително и доктори и медицински сестри кои биле заразени. Бидејќи „Нипах“ е смртоносен вирус за кој нема вакцина и лек, СЗО го смета за патоген вирус од висок ризик.
Од скоро 100 луѓе е побарано да бидат во домашен карантин, а заразени пациенти се лечат во болниците околу главниот град Калкута, според изештаите на локалните медиуми, додека еден пациент е во критична состојба. Експертите велат дека човечките инфекции се ретки и се јавуваат обично кога вирусот се пренесува од лилјаци, често преку контаминирано овошје.