Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

8

Со 83 гласа „за“ и без ниту еден глас „против“, Собранието го усвои предлогот Бојан Маричиќ да биде нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Согласно законската процедура, претседателот на ДИК се избира по предлог на опозицијата. Маричиќ на оваа функција го наследува Борис Кондарко, кој по истекот на претседателскиот мандат ќе продолжи да членува во Комисијата како нејзин член.

Бојан Маричиќ има долгогодишно искуство во извршната власт. Во претходните влади предводени од СДСМ тој ја извршуваше функцијата министер за правда, а подоцна и вицепремиер задолжен за европски прашања.

Македонски