Македонија со четворица спортисти на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026

3

Македонија ќе биде претставена со четворица спортисти на претстојните Зимски олимписки игри Милано–Кортина 2026, кои ќе се одржат од 6 до 22 февруари во Италија.

Честа да настапат под македонското знаме ќе ја имаат нордиските скијачи Ана Цветановска и Ставре Јада, кои ќе се натпреваруваат во спринт и интервал старт на 10 километри, како и алпските скијачи Јана Атанасовска и Мирко Лазарески, кои ќе настапат во дисциплините слалом и велеслалом.

Настапот на македонските спортисти на Олимписките игри претставува значаен успех за зимските спортови во земјава и уште една можност Македонија да биде дел од најголемиот светски спортски настан.

Македонски