Фудбалска школа „Фит Кид“ Тетово го промовира новиот дрес за сезоната 2026
Фудбалската школа „Фит Кид“ Тетово со гордост го претстави новиот официјален дрес со кој младите фудбалери ќе настапуваат во сезоната 2026. Од клубот посочуваат дека дизајнот на дресот симболизира нов почеток, посветеност и јасна визија за развој на младинскиот фудбал во Тетово.
Посебна благодарност беше упатена до спонзорите – општествено одговорни компании и поединци, кои со својата поддршка придонесуваат за унапредување на спортот и создавање здрави навики кај децата. Меѓу поддржувачите се: Medica Centre, MagMed, Автостар Плус Тетово, Foxel, Двор 21, Casino Star, Alpha Gym, како и родители кои индивидуално ја помагаат работата на школата.
Од Фудбалска школа „Фит Кид“ – Тетово истакнуваат дека поддршката од спонзорите е многу повеќе од присуство на лого на дресот – таа претставува доверба, мотив и вложување во иднината на младите спортисти, спортот и здравиот психофизички развој на децата.
„Заедно градиме силна фудбалска школа, здрави генерации и светла иднина за тетовскиот фудбал“, порачуваат од клубот.
