Србија ја шокираше Германија: Изненадувања и возбудливи дуели на Европското првенство
Првото големо изненадување на Европското ракометно првенство го приредија ракометарите на Србија, кои по неизвесна и борбена средба ја совладаа Германија со 30:27. Овој натпревар беше еден од најатрактивните во рамки на второто коло. Во другиот дуел од групата А, селекцијата на Шпанија славеше победа над Австрија со 30:25.
Возбудлив натпревар се одигра и во Осло, каде Норвешка и Чешка водеа израмнета борба во првиот дел, но кодомаќинот во продолжението ја презеде контролата и стигна до победа од 29:25. Во групата во која настапува Франција, актуелниот фаворит немаше проблеми и убедливо ја совлада Украина со 46:26.
Ракометарите на Хрватска, пак, со многу мака ја забележаа првата победа на шампионатот, откако на отворањето од групата Е ја совладаа селекцијата на Грузија со 32:29. Грузијците беа подобар противник во поголемиот дел од натпреварот и дури имаа и водство од шест гола разлика (12:6) во првото полувреме, но хрватската репрезентација успеа да направи пресврт и да стигне до триумф.
За денеска се закажани следниве натпревари:
Црна Гора – Фарски острови
Полска – Исланд
Македонија – Португалија (18:00)
Италија – Унгарија
Романија – Данска
Швајцарија – Словенија