Полицијата и првата помош со полни раце работа на новогодишната ноќ во Македонија

13

Покрај сите „редовни“ интервенции од година во година настанати поради преголема употреба на алкохол, наркотици или помали нарушувања на јавниот ред и мир синоќешната новогодишна вечер била исполнета со неколку потешки инциденти.

Како особено тежок случај, дежурните лекари од скопската клиника примиле двегодишно дете, без познати лични податоци, кое било донесено на Интензивна нега и се наоѓа во животна опасност.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, новогодишната ноќ на ниво на целата држава ја оцени како генерално мирна, но со неколку изолирани, сериозни инциденти. Во Старата скопска чаршија со нож бил убиен турски државјанин, додека друг државјанин на Турција бил тешко повреден.
Регистрирани се и седум повреди од пиротехника, како и еден случај на самоповредување со ловна пушка.

Во пресрет на новогодишната прослава, биле евидентирани и 31 кривично дело, најмногу за нарушување на јавниот ред и мир, како и за нелегална трговија со наркотични средства.

Македонски