Дмитриј Зиков именуван за нов амбасадор на Русија во С. Македонија

10

Руската Федерација доби нов шеф на дипломатската мисија во Скопје, откако претседателот Владимир Путин потпиша указ за именување на Дмитриј Зиков за амбасадор во Република С. Македонија.

Именувањето е официјализирано преку документ објавен на официјалниот руски интернет-портал за правни акти, со што формално е потврдена смената на досегашното раководство на амбасадата.

Во указот јасно се наведува:
„Зиков Дмитриј Константинович се именува за извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.

Зиков ја презема функцијата во чувствителен период за билатералните односи, имајќи предвид дека С. Македонија се наоѓа на списокот на таканаречени „непријателски држави“ на Руската Федерација, што дополнително ги отежнува дипломатските релации меѓу двете земји.

Македонски