Пронајден починат вработен во просториите на Бригадата за противпожарна заштита Скопје
На 25 декември 2025 година, во 08:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје е пронајден починат вработениот З.А. (57) од селото Мралино, општина Илинден.
Како што информираат од надлежните служби, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.