Пораки од Скопје за “ослободување на командантите на ОВК”
На плоштадот “Скендербег” во Скопје во овие моменти се одржува протестниот собир “И јас сум УЧК” кој треба да испрати порака за поддршка на обвинетите команданти на ОВК од страна на хашкиот трибунал.
На плоштадот во моментов има околу 2-3 илјади граѓани и поминува во релативно мирна атмосфера со извици “УЧК, УЧК”.
Долж целиот плоштад и периметарот околу булеварите видно е големо присуство на полицијата која е присутна заради одржување на јавниот ред и мир.
Покрај возила со регистарски таблички од неколку градови од Македонија може да се забележат и автобуси од соседството особено од Косово.