Милевски повеќе не е селектор: Македонија во потрага по нов предводник пред баражот за СП 2026
Благоја Милевски официјално не е повеќе селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, откако му истече договорот со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Од федерацијата се заблагодарија за неговата работа и објавија дека започнува процесот за избор на нов предводник на националниот тим, кој ќе ја води Македонија во претстојниот бараж за пласман на Светското првенство 2026 година.
Милевски ја презеде репрезентацијата во 2021 година, веднаш по Европското првенство, и ја одведе до историски бараж за Мундијалот во Катар во 2022 година. Македонија тогаш ја елиминираше Италија во Палермо, но загуби во финалниот натпревар од Португалија.
„Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната посветена работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера“, соопштија од ФФМ.
Федерацијата најави дека во многу скоро време ќе го објави името на новиот селектор. Најсериозен кандидат, според актуелните информации, е тренерот на Вардар и поранешен капитен на националниот тим, Гоце Седлоски.