Закерберг предвидува: Паметните телефони ќе исчезнат од секојдневието до 2030-тите

11

Само две децении откако паметните телефони станаа неизбежен дел од секојдневието – и создадоа нова форма на зависност – веќе се најавува крајот на нивната доминација. Според директорот на „Мета“, Марк Закерберг, следната голема технолошка промена ќе го остави мобилниот телефон во џебот, а неговата улога ќе ја преземат паметните очила.

„Тоа ќе се случи веќе во 30-тите години од овој век“, изјави Закерберг. „Ќе дојде момент кога вашиот телефон поголемиот дел од времето ќе остане во џеб.“

Како што пренесува Nova.rs, „Мета“ активно развива паметни очила кои треба целосно да ги заменат функциите на мобилните телефони. Овие очила ќе можат да фотографираат и снимаат, да пуштаат музика и видеа, да прикажуваат пораки и мејлови, да вршат превод во реално време и да нудат навигација директно во видното поле на корисникот. Ќе поддржуваат и проширена и виртуелна реалност, ќе обезбедуваат информации за предметите кон кои гледате и ќе мерат различни здравствени параметри, како пулс и крвен притисок.

Закерберг нагласува дека, и покрај комплексните функции, очилата ќе изгледаат како сосема обични, налик на сончеви очила.

„Ќе се случи истото што се случи со компјутерите“, додава тој. „Сите имаме компјутер дома, но најмногу користиме мобилен телефон. Сличен развој ќе има и со паметните телефони во следните години.“

Согласно визијата на „Мета“, паметните очила ќе станат следната масовна технолошка платформа – драстично менувајќи го начинот на кој комуницираме, работиме и пристапуваме до дигитални содржини.

Makedonski