Минимална, но значајна победа за Македонија во квалификациите за Евробаскет – совладана Данска со 79:78
Македонската женска кошаркарска репрезентација со минимална разлика ја започна новата рунда квалификации за Европското првенство, совладувајќи ја Данска со 79:78 на денешниот натпревар одигран во Скопје.
Во возбудлив и изедначен меч, избраничките на селекторот Александар Ашаданов покажаа карактер и успеаја да го задржат водството во самата завршница. Првата четвртина заврши во корист на Данска (21:18), иако Македонија претходно водеше со 18:13. Гостинките стигнаа и до девет поени предност (29:20), но нашите кошаркарки со серија добри акции успеаја да направат пресврт до крајот на полувремето.
Третата четвртина донесе често менување на водството, а во последниот период македонската репрезентација успеа да го задржи минималното водство и да слави важна победа на домашен терен.
Најефикасна во редовите на Македонија беше Мерит Хемпе со 25 поени, додека кај Данска се истакна Фрида Форман со 18 поени.
Во следното коло, македонската репрезентација повторно ќе игра дома – во сабота во СРЦ „Кале“ ќе ја пречека селекцијата на Грција, со почеток во 18 часот.