Дарио Ѓерѓа нов селектор на босанските кошаркари

5

Хрватскиот стратег Дарио Ѓерѓа (50) е назначен денеска за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Босна и Херцеговина (БиХ).

Ѓерѓа седнува на селекторската клупа пред клучните натпревари на БиХ во квалификациите за Светското првенство, против Турција на 27 ноември и против Србија три денови подоцна.

-Мојата цел е да воспоставам препознатлив стил на игра, дисциплина и борбен дух за кратко време. Секој натпревар мора да има карактер и очекувам максимална посветеност од играчите, изјави Ѓерѓа по преземањето на функцијата.

Ѓерѓа, кој воедно е тренер на францускиот прволигаш Лимож, доаѓа на местото на Адис Беќирагиќ, кој ја предводеше репрезентацијата на БиХ на последното Европско првенство

Makedonski