Женската фудбалска репрезентација во група со Унгарија, Азербејџан и Андора

2

Во УЕФА денеска беа одредени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година. Македонската женска фудбалска репрезентација ќе го бара своето место во баражите преку групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора.

Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година.

Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете најдобро рангирани второпласирани репрезентација, ќе имаат можност да обезбедат пласман на Светското првенство преку бараж натпревари со второ и третопласираните селекции од Лига А. Овие баражи ќе се играат во октомври и ноември 2026 година, по што ќе следат интерконтиненталните баражи во февруари 2027 година.

Makedonski