Григор Димитров се повлече од Мастерс турнирот во Париз

4

Ѕвездата на бугарскиот тенис Григор Димитров се повлече од Мастерс 1000 турнирот во Париз, соопштија организаторите.

Димитров требаше да настапи во вториот круг против Русинот Данил Медведев, но од непознати причини нема да излезе на терен.

„За жал, Григор Димитров се повлече од натпреварот во сингл. Беше прекрасно повторно да те видиме на теренот, Григор“, стои во објавата на официјалниот Инстаграм-профил на турнирот.

Бугарскиот тенисер неодамна се врати на терен по четиримесечно отсуство поради повреда. Во првото коло во Париз тој го совлада домашниот претставник Џовани Перикар со резултат 7-6, 6-1.

Причината за повлекувањето сè уште не е официјално соопштена.

Makedonski