Европска комисија: Мета и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги

6

Европската комисија денеска утврди дека ТикТок и Мета ги прекршиле своите обврски според Законот за дигитални услуги (ЗДУ), бидејќи не им обезбедиле на истражувачите соодветен пристап до јавните податоци на платформите.

Во исто време, Комисијата утврди дека Инстаграм и Фејсбук, како дел од корпорацијата Мета, не ги исполниле обврските да им понудат на корисниците едноставни механизми за пријавување на нелегална содржина, ниту пак да им овозможат ефикасен процес за оспорување на одлуките донесени од модераторите.

Прелиминарните наоди покажале дека Фејсбук, Инстаграм и ТикТок користат комплицирани процедури и технички бариери, со што го отежнуваат пристапот до јавни податоци. Поради тоа, истражувачите често се принудени да се потпираат на делумни и непроверени информации, наведува Европската комисија.

Според Законот за дигитални услуги, транспарентниот пристап до податоци е суштинска обврска на големите онлајн платформи, бидејќи овозможува јавен увид во нивното потенцијално влијание врз физичкото и менталното здравје на корисниците.

Makedonski