Нема топла вода за играчите на Атлетико! Жалба до УЕФА по тренингот во Лондон
Необична ситуација го наруши тренингот на Атлетико Мадрид пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите. По завршувањето на официјалниот тренинг на „Емирати“, играчите на шпанскиот тим откриле дека во соблекувалната нема топла вода.
Фудбалерите, целосно испотени по тренингот, не можеле да се истушираат на стадионот, па биле принудени со автобус да се вратат во хотелот каде ги чекале нормални услови.
Од клубот изразиле незадоволство и случајот го пријавиле до УЕФА, бидејќи сметаат дека овие услови не се достојни за најелитното европско натпреварување.
Домаќинот Арсенал признал дека станува збор за технички дефект во системот за греење на водата, кој бил пријавен уште пред пристигнувањето на Атлетико, но не можел да биде отстранет навреме.
Инцидентот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а шпанските медиуми коментираат дека ситуацијата е „недозволива“ за клуб од ваков ранг и за натпревар од ваков калибар.