Папајанис по тешка повреда — натпреварот го напушти со носилки

4

Грчкиот кошаркар Јоргос Папајанис,доживеа тешка повреда за време на натпреварот меѓу Анадолу Ефес и Панатинаикос во рамки на Евролигата.

Центарот на Ефес се повреди при обид за „алеј-уп“, кога лошо слета на паркетот. Веднаш по инцидентот легна на земја, а на неговото лице се гледаа солзи и голема болка. Поради сериозноста на повредата, мораше да биде изнесен од теренот со носилки.

Иако засега нема официјална потврда за природата на повредата, медиумите во Грција и Турција шпекулираат дека станува збор за проблем со вкрстените лигаменти — една од најтешките повреди кај кошаркарите.

Папајанис беше еден од клучните играчи за Ефес оваа сезона, а неговото можно подолготрајно отсуство ќе биде голем удар за турскиот тим. Се очекува клубот наскоро да излезе со официјален медицински извештај.

Видеото од моментот на повредата за кратко време стана вирално и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а навивачите испратија пораки за поддршка и брзо закрепнување.

Makedonski