Вардар 1961 со победа ја отвори сезоната во Европската лига

5

Ракометарите на Вардар 1961 со триумф ја започнаа новата сезона во Европската лига на ЕХФ, совладувајќи го Севесте со 34:29 во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Натпреварот го одбележа и дуелот на легендите на хрватскиот ракомет, поранешните репрезентативни колеги Иван Чупиќ и Игор Вори, кои вечерва се најдоа еден спроти друг – како тренери на Вардар и Севесте.

„Црвено-црните“ доминираа во првото полувреме, брзо стекнаа предност од четири гола (8:4) и без поголеми проблеми ја задржаа контролата до паузата.

Во второто полувреме, по водството од 21:16, Вардар влезе во кратка криза и дозволи серија од шест гола на противникот. Сепак, избраниците на Чупиќ бргу го вратија ритамот, одговорија со три последователни погодоци и потоа рутински го приведоа натпреварот до крај.

Хориха беше најефикасен со седум погодоци, додека Боно и Тузолана постигнаа по шест гола за победничкиот тим.

Makedonski