Беќири: За нас ова е големо искуство, научивме како да играме фер и модерен фудбал!

5

Шкендија со пораз на гостински терен кај Рајо Ваљекано ја отвори групната фаза во Конференциската лига. Актуелниот македонски првак беше совладан со 2-0 во првото коло.

„Ова беше извонредна атмосфера, создадена од навивачите кои беа прекрасни во текот на целиот натпревар. Рајо целосно ја заслужи победата. Мислам дека во првото полувреме имавме многу почит кон противникот кој ни се наметнува и лигата од која доаѓаат. Но, исто така, во однос на физичката подготвеност, во второто полувреме тимот трчаше повеќе и беше подобар и во одбраната и во нападот.“

Makedonski