Талески: Вардар е инспирација за секого, но најмногу за нас!
Во новото, шесто, вонредно коло во домашниот ПФМЛ шампионат, тимот на Вардар заминува на тешко, и пред се неизвесно гостување кај новиот прволигаш Арсими. „Црвено – црните“ поради специфичната ситуација во Скопје, одработија мини подготовки во Охрид. Избраниците на тренерот Гоце Седлоски имаат императив на победа и три бода пред себе затоа што со игрите и резултатите во изминатиот период самите си го наметнаа тоа. Едноставно, победа е единствената опција за Вардар.