МВР започна евакуација – Трубарево под закана од штетни гасови
Дали единствен излез ни се граничните премини?
Министерството за внатрешни работи започна со евакуација на жителите од Трубарево и околните населени места, поради опасност од штетни гасови предизвикани од пожарот. Граѓаните ќе бидат згрижени на безбедна локација – во Центарот за обука на МВР, соопшти министерот Панче Тошковски.
Според првичните мерења, во радиус од 150 метри од пожарот концентрацијата на гасови е висока, меѓу 150 и 200 метри загадувањето е средно, а до 400 метри е ниско. Над оваа граница не е утврдено загадување.
Температурата во центарот на пожарот достигнала над 500 степени, но надлежните потврдуваат дека нема радиолошка закана.
 
			