„Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!
Грузија е една од селекциите која воодушеви на Евробаскетот. Беше елиминирана од Финска со пораз 79:93 во четвртфиналето, но тоа што стигнаа на чекор до борба за медал е голем успех. До таму ги водеше српскиот тренер и поранешен македонски селектор, Александар Џикиќ. По елиминацијата од првенството, новинарите го прашаа како му било да води селекција составена од играчи од народ познат по големата емотивност.
„Да, за мене тоа е многу чудно затоа што јас сум Србин. Доаѓам од земја која е супер мирна, позната по трпение и љубезност. Мислам дека сме добар спој. Воопшто не ми пречи да работам со Грузијците. Ниту еден момент.“