Шоу на Суарез со четири гола: Боливија преку Бразил до бараж, Венецуела во солзи!
Во последното коло од квалификациите за СП 2026, Боливија славеше над Бразил со 1:0 и се искачи на седмото место кое води во бараж. Стрелец на победничкиот гол беше Мигелито од пенал во финишот на првото полувреме.
Луис Суарез, кој летово се засили во редовите на лисабонски Спортинг, постигна дури четири гола, во периодот од 42. до 59. минута реализираше хет-трик, а во 67. со четвртиот гол целосно ги сруши соништата на Венецуелците.