Шок за Србија: ЕП заврши за капитенот Богдановиќ!
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, доживеа повреда која дефинитивно го исклучува од понатамошниот тек на Европското првенство. Како што преесуваат медиумите во Србија и тоа од извори во САД, потврдено е дека станува збор за руптура на мускулите на задната ложа, па затоа одличниот шутер повеќе нема да може да им помага на своите соиграчи на теренот на ова ЕП.
Иако ова е голем удар за Богдан, неговата борбеност и саможртва се дополнителна мотивација за остатокот од тимот на Светислав Пешиќ.