Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш – историски успех за македонското пливање

6

Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев го оствари еден од најголемите предизвици во светското пливање, успешно препливувајќи го каналот Ла Манш.

Тој ја совлада патеката меѓу Англија и Франција за 9 часа и 43 минути, со што стана само петтиот македонски пливач кој успеал да се запише во историјата со ваков подвиг.

Преминувањето на Ла Манш, долг околу 34 километри по воздушна линија, се смета за едно од најтешките во светот поради студената вода, силните морски струи и непредвидливите временски услови.

Со овој успех, Македонија повторно се најде на светската мапа на маратонското пливање, а честитки за историското остварување пристигнаа од спортски асоцијации, љубители на пливањето и бројни граѓани. Неговото постигнување беше наречено инспирација за младите спортисти во земјата.

Makedonski