Instagram со нови правила!

На таргет обичните корисници...

23

📵 Instagram воведува ново ограничување за Live видеа!

Досега секој корисник можеше да емитува во живо на Instagram – без разлика дали има јавен или приватен профил, или колку следбеници има. Но, тоа сега се менува. 😕

Од сега, само корисници со јавен профил и најмалку 1.000 следбеници ќе можат да одржуваат Live стримови.
Оние што не ги исполнуваат новите услови ќе добијат порака:

„Ги променивме условите за користење на оваа функција. Само јавни профили со 1.000+ следбеници можат да креираат Live видеа.“

👎 Овој потег е удар за помалите креатори на содржини и обичните корисници кои уживаа да стримаат со пријатели – за забава или креативност.

🔄 Многу корисници веќе ја изразија својата лутина на социјалните мрежи, барајќи Instagram да ја повлече оваа одлука, но и покрај тоа оваа промена беше усогласена со функцијата на TikTok, каде што исто така се бараат 1.000 следбеници за пренос во живо, додека од другастрана YouTube сеуште дозволува Live стриминг со само 50 претплатници.

📉 Иако Instagram не даде конкретна причина, се шпекулира дека целта е:

  • да се подобри квалитетот на содржините во живо,
  • да се намалат трошоците за сервери (бидејќи Live преносите се скапи),
  • и да се охрабрат креаторите да градат стабилна публика.

Што мислите за ова? Дали ова е паметен потег или само уште едно ограничување за „обичните“ корисници?

Makedonski