Google се откажува од развој на таблети
Google и официјално потврди дека се повлекува од развојот на таблет уреди, јавува „Блумберг“. Од компанијата велат дека во блиска иднина не гледаат сценарио во кое корисниците редовно би користеле уреди поголеми од паметен телефон.
Оваа одлука доаѓа две години по претставувањето на Pixel Tablet, кој дебитираше во 2023 година со 11-инчен LCD екран, Tensor G2 процесор и магнетска dock-станица што овозможуваше користење како паметен хаб. И покрај интересниот концепт, продажбата била слаба.
Иако Google го објаснува потегот со „падот на потребата за таблети“, аналитичарите сметаат дека клучниот проблем бил слабиот софтвер за таблет искуство, за разлика од конкурентите како Apple, Samsung и Xiaomi, кои редовно бележат милионски продажби на нови модели.