Сопственикот на „Онлифанс“ инкасирал рекордни 701 милион долари дивиденда

5

Леонид Радвински, сопственик на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), минатата година добил вкупно 701 милион долари дивиденда, највисок износ исплатен досега, покажуваат податоците на матичната компанија Fenix International Ltd.

Ова доаѓа во период кога „Онлифанс“ разгледува можности за продажба, со потенцијална вредност од околу 8 милијарди долари, според „Блумберг“.

Платформата, која зема 20% провизија од секоја трансакција, во финансиската година до ноември 2024 процесирала 7,2 милијарди долари и остварила добивка пред оданочување од 684 милиони долари. Бројот на креатори пораснал на 4,6 милиони, а корисничките сметки достигнале 377,5 милиони.

Иако станува збор за глобален гигант, компанијата има само 46 вработени, со вкупен фонд за плати и бонуси од 45,4 милиони долари.

Радвински, кој е роден во Одеса, Украина, а живее во Флорида, од 2021 година досега инкасирал околу 1,8 милијарди долари од платформата.

Makedonski