Исак го обвини Њукасл дека го излажале, клубот му одговори: Врати се на тренинг!
Од екипата на Њукасл денеска одговорија на изјавата на нивниот напаѓач Александар Исак, кој вчера објасни зошто одбил да игра и да тренира со „страчките“. Тој во објава на социјалните мрежи напиша дека првите луѓe на клубот му ветиле дека ќе го продадат, а потоа ја смениле реториката. По оваа негова објава, со свој став се јави и англискиот клуб.
„Сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи, но исто така разбираме дека играчите имаат свои желби. Како што им објаснивме на Алекс и неговите претставници, секогаш мора да ги земеме предвид интересите на Њукасл, тимот и нашите навивачи кога донесуваме какви било одлуки. Алекс останува дел од нашето семејство и со нетрпение очекуваме да го пречекаме назад кога ќе биде подготвен“, се вели во соопштението на англискиот клуб.