Ристовски и Елези ќе имаат нов тренер во Сараево
Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези, експресно, ќе добијат нов тренер во тимот на Сараево. Откако босанскиот тим беше елиминиран од Универзитатеја Крајова во прелиминарното коло од Конференциската лига, а во првенството ремизираше со Радник (4:4) на меч на кој Елези постигна два, а Ристовски еден гол, досегашниот тренер Зоран Зекиќ си поднел оставка.