Никочевиќ повторно на терен: Ова е лична победа за мене!

9

Македонската кошаркарска судијка Ема Никочевиќ, која е со знакот на ФИБА, почна едно ново поглавје, не само во кошаркарскиот спорт, судењето, туку воопшто во животот. По два месеци, за неа исполнети со многу голема, животна неизвесност, синоќа, во СРЦ „Кале“, на пријателската средба помеѓу кадетските репрезентации на Македонија и на Швајцарија, повторно се појави во оној кошаркарски правоаголник, каде заедно со својите колеги, Иван Мијалковски и Бисера Јакова, успешно одработија уште една судиска задача.

Како што вели, некако се сè „вратило на своето место“…

Makedonski