Марта Кос децидна: Промена на Уставот и забрзување на процесот

14

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос која беше изгласана вчера во својата прва официјална изјава кажа дека очекува Северна Македонија да го смени Уставот.

Тоа е нешто на коешто сметаме, ни повеќе ни помалку. Верувам дека тоа е возможно и дека после тоа ќе го забрзаме процесот.

На прашањето дали е реално изводливо 2030 да биде година за влез на Западен Балкан во ЕУ таа одговори дека нејзиното назначување е впрочем позитивно за регионот.

Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ.

истакна Марта Кос, новата еврокомесарка за проширување.