Сериозен инцидент кај воените магацини во Тетово: Четворица Полјаци со четирицикли упаднале во „Еребино“, тројца се во бегство

Војниците на стража приведоа странски државјани кои ја оштетиле влезната врата на воениот објект. Полицијата трага по останатите учесници во упадо

14

Четири лица, сите државјани на Полска, се уапсени откако вчера попладне со четирицикли (квадови) ја оштетиле влезната врата и се обиделе неовластено да влезат во кругот на воените магацини на Армијата во месноста „Еребино“ во близина на Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 28 септември околу 18:24 часот, кога Воената полиција на Армијата официјално пријавила упад во СВР Тетово.

Брза реакција на воената стража

При обидот за пробивање на безбедносниот периметар, војниците кои биле распоредени на стражарска должност на лице место реагирале веднаш и успеале да задржат четворица од прекршителите: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), сите со полско државјанство.

Истовремено, други три лица кои исто така управувале четирицикли успеале да побегнат од местото на настанот веднаш по интервенцијата на воената служба.

Кривични пријави за неовластен упад во воен објект

Четворицата странски државјани се приведени во полициска станица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик.

Од МВР соопштуваат дека полициски службеници интензивно преземаат оперативни мерки за лоцирање и пронаоѓање на останатите три лица кои се наоѓаат во бегство, по што, по целосно документирање на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.