ОБНОВЕНО: Исчезнатата Кристина од Охрид, е пронајдена

93

Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, по преземени мерки и активности.


Семејството на малолетната Кристина од Охрид упати итен апел до јавноста за помош при нејзиното пронаоѓање, откако вчера попладне и се губи секоја трага.

Според информациите од нејзините најблиски, последната комуникација со девојчето била остварена вчера (среда) околу 16:00 часот. Во моментот на исчезнувањето, Кристина била облечена во црна маица и широки фармерки.

Случајот е веднаш пријавен во надлежната полициска станица, а органите на редот веќе преземаат мерки за нејзино лоцирање. Семејството ги замолува сите граѓани кои можеби ја виделе, ја препознале или имаат каква било информација за нејзиното движење, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:

  • 075 238 015
  • 075 238 017
  • или директно во најблиската полициска станица на бројот 192.

Секоја информација може да биде клучна за нејзиното безбедно враќање дома. Се апелира за максимална споделуваност на оваа вест со цел побрзо пронаоѓање на малолетничката.