НОВ ЦЕНОВЕН ШОК: Дизелот од полноќ ќе достигне рекордни 99,5 денари, поскапуваат сите горива

8

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која од полноќ возачите ќе се соочат со значително поскапување. Цената на дизел горивото се приближи до психолошката граница од 100 денари по литар.

Според новиот ценовник на РКЕ, малопродажните цени на горивата од ноќеска ќе изнесуваат:

  • Еуродизел (Д-Е V): 99,50 денари/литар
  • Еуросупер БС-95: 91,00 денари/литар
  • Еуросупер БС-98: 93,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство: 98,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 46,44 денари/килограм

Намалената акциза го „ублажи“ уште поголемиот удар

Во пресметката на новите цени е вклучена одлуката за намалување на износот на акцизата, што делумно го амортизираше енормниот раст на цените на светските берзи. Акцизата кај двата вида бензини е намалена за 2,00 денари, додека кај дизелот намалувањето изнесува 4,00 денари по литар.

И покрај ваквата интервенција, цените на пумпите продолжуваат да растат, што претставува дополнително оптоварување за семејните буџети и за транспортниот сектор. Новите цени ќе стапат на сила веднаш по полноќ и ќе важат до следната одлука на РКЕ.

Македонски