Мицкоски за најавите од Будимпешта: Ако Груевски биде екстрадиран, веднаш оди во затвор

16

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека поранешниот премиер Никола Груевски веднаш ќе биде упатен на издржување на затворска казна доколку се врати во земјата. Оваа реакција доаѓа откако победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, навести дека неговата влада би можела да го екстрадира Груевски во Македонија.

„Законот ќе се примени веднаш“

Одговарајќи на новинарско прашање за коментар на најавите од новата унгарска власт за можна екстрадиција на Груевски, премиерот Мицкоски истакна дека институциите ќе постапат согласно правосилните пресуди.

„Јас не знам, но ако Груевски се појави во Македонија, тој веднаш ќе биде упатен на издржување на затворската казна која е правосилна“, изјави накратко Мицкоски.

Петер Маѓар најави пресврт во случајот Груевски

Ваквиот развој на настаните следува по вчерашната изјава на идниот унгарски премиер Петер Маѓар. На својата прва прес-конференција по изборната победа, тој навести радикална промена во односот кон поранешниот македонски премиер, кој доби политички азил во времето на Виктор Орбан како и кон двајца други полски политичари кои ја делат истата судбина како и Груевски.

Маѓар истакна дека како осуден криминалец, Груевски треба да се соочи со домашните институции и граѓаните на Македонија, со што го отвори патот за негово евентуално предавање на македонските власти.

Никола Груевски ја напушти Македонија во ноември 2018 година за да избегне издржување на затворска казна за случајот „Тенк“, по што доби азил во Унгарија. Промената на политичкиот врв во Будимпешта сега го става под знак прашање неговиот понатамошен престој во оваа земја.

Македонски