ВМРО-НП: Владата повторно поданички ја одбележа српската окупација во Валандово

279

ВМРО-Народна партија остро реагира на одбележувањето на годишнината од т.н. Валандовска афера, обвинувајќи ја Владата на ВМРО-ДПМНЕ за поданички однос кон „великосрпските асимилациони обиди”. Од партијата посочуваат дека под македонски државни почести се славела српската окупација, при што македонските револуционери биле нарекувани терористи и Бугари.


„Во време на предвелигденските празници и најтешката седмица за православните христијани, Македонија повторно беше сцена и домаќин на великосрпската политика.

Во Валандово повторно бевме сведоци во кои под македонското знаме, со македонската химна, пред македонската почесна гарда и со посебна делегација на ВМРО-ДПМНЕ беше одбележана српската окупација на Македонија.

Сакаме да и укажеме на македонската јавност дека во таканаречената валандовска атака имало директен судир помеѓу српската војска и локалните чети на ВМРО во сојуз со турското население од истиот крај, а после битката биле извршени масакри врз македонското и турско население во истата област.

ВМРО-Народна партија никако не може да ја сфати оваа свиткана кичма на Владата на ВМРО-ДПМНЕ која толку поданички се однесува кон великосрпските асимилациони обиди во Македонија.

Прифаќање на српските тези за „бугарски терористи”

Во таа насока посебно интересен е моментот што српските говорници за ВМРО која во тоа време била предводена од Петар Чаулев и Павел Шатев, дозволува да се нарекува „бугарска терористичка организација“, а македонците од струмичко-валандовскиот крај да се нарекуваат Бугари.

Дали подаништвото на актуелната Влада кон Србија оди дотаму што не им пречи ниту бугаризацијата на македонската историја, ако доаѓа од Србија?“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Македонски