Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

7

Со ѕвонење на камбаните, утрово во 8:30 часот започна свеченото осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Чинот го извршува архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи од МПЦ-ОА.

На церемонијата присуствуваат голем број граѓани, верници, високи владини претставници, пратеници, политички партии и членови на дипломатскиот кор.

За верниците кои не можат да влезат во храмот, надвор е поставен голем видео-бим преку кој го следат свечениот чин.

Македонски