Пешиќ за шокантниот пораз од Финска: Се случува и тоа….

3

Репрезентацијата на Србија шокантно е елиминирана од тековниот ЕВРО кошаркарски самит откако синоќа загуби од Финска со конечни 86:92. И покрај фаворитската улога и огромниот како индивидуален така и колективен квалитет, сепак Србија синоќа не успеа да се справи со мотивираниот и очигледно сериозно подготвен тим на Финска, кој на терен доминираше особено во офанзивниот скок и шутот од далечина.

„Ние не сме ги добивале мечевите на атмосфера. Не сме ги освојувале и медалите на тој начин. Туку тие се добивани со квалитет, со подготовка, со знаење. Ништо не се смени по тоа прашање. Можеме сега да зборуваме што сакаме и да бараме оправдувања, а реалноста е дека за ваков меч, за ваков ритам мораш да си физички топ подготвен.Не бевме на потребното ниво. Недостасуваат тие работи. Неколку беа повредени. Не може да се каже дека не дадовме се од себе во овој момент“ – додаде искусниот стратег.

Makedonski