Се навршуваат 16 години од трагедијата со бродот „Илинден“ на Охридското Езеро
Денеска се одбележуваат 16 години од трагичната несреќа на Охридското Езеро, кога при потонувањето на туристичкиот брод „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски државјани.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, на релацијата од Охрид кон Свети Наум. Пловилото, кое превезуваше 57 патници, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот кај автокампот „Елешец“.
Според истрагата, до трагедијата довеле техничка неисправност, преоптовареност на бродот и паника меѓу патниците.
Во чест на загинатите поставен е споменик во паркот кај каналот Студенчишта.