За почеток на денот сонце, попладне дожд и грмежи
Денеска времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе има нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. На одделни локации процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 20 l/m²), засилен ветер што ќе надминува 60 km/h и услови за изолирана појава на град.
Во западните делови ќе дува засилен западен ветер, додека во источните ќе преовладува ветер од јужен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта се очекува нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината можно е краткотрајно невреме.