Избори во Брвеница: До 15 часот гласале над 5.000 граѓани, излезноста достигна 31,17 отсто

Гласањето на предвремените локални избори за градоначалник на општината продолжува со умерен одѕив, а ДИК досега примила шест приговори од кои половината се усвоени.

5

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот достигна 31,17 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според податоците пристигнати од сите 24 избирачки места, своето право на глас го оствариле вкупно 5.064 избирачи од 16.256 запишани во Избирачкиот список.

Шест приговори за заштита на избирачкото право

Во однос на заштитата на личното избирачко право, од ДИК информираат дека до 13 часот биле поднесени шест приговори. Од нив, три биле усвоени како основани, додека останатите три биле одбиени.

Гласањето продолжува до 19 часот, кога се затвораат избирачките места, по што ќе започне пребројувањето на гласовите за шестмината кандидати за градоначалник.