Трагедија во Истра: Се урна мал авион кај Медулин, има повеќе загинати

4

Страшна авионска несреќа се случи денеска во Хрватска, кога мал приватен авион се урна во областа на Истра. Хрватската полиција потврди дека несреќата е пријавена во 11:25 часот, а леталото паднало во месноста Кампанож, ненаселена зона на самата граница меѓу градот Пула и општината Медулин.

Иако истрагата е во почетна фаза, официјални лица веќе потврдија дека во падот на авионот има жртви.

„Сите итни служби се веќе на терен – од медицинска помош и пожарникари, до полициски екипи кои преземаат мерки во рамките на својата надлежност“, изјави портпаролот на истарската полиција, Ален Пачиќ, потврдувајќи ја информацијата за неколку загинати лица.

Според неофицијалните информации на локалните медиуми, меѓу кои и порталот „Истарски.хр“, бројот на жртвите се движи меѓу четири и пет лица. Засега не се соопштува идентитетот на загинатите, ниту типот на авионот и дестинацијата кон која летал.

Местото на падот е под силно полициско обезбедување, а се очекува пристигнување и на воздухопловните инспектори кои треба да ги утврдат причините за оваа тешка несреќа.

Македонски