ИЕА поради војната со Иран: Веднаш намалете ја потрошувачката на нафта за 45 %

7

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави итни препораки за драстично намалување на потрошувачката на нафта поради тешката криза предизвикана од израелско-американската војна со Иран. Фокусот е на транспортот, кој троши 45 % од глобалната нафта.

Клучни итни мерки што ги предлага ИЕА:

1. Работење од дома – масовно враќање на home office
2. Намалување на дозволената брзина на автопати и магистрали
3. Пар-непар систем за влез во големите градови
4. Засилено користење на јавен превоз и споделување автомобили
5. Поефикасно возење и оптимизација на товарниот транспорт
6. Избегнување летови каде е можно
7. Префрлање на индустријата на алтернативни извори на енергија

ИЕА нагласува дека ослободувањето на стратешките резерви не е доволно и дека единственото вистинско решение е намалување на побарувачката.

„Управувањето со побарувачката е најефикасната алатка за енергетска безбедност и заштита на потрошувачите во моментов“, се вели во соопштението од Париз.

Агенцијата препорачува и целни субвенции само за најранливите, наместо широки субвенции за гориво, кои се покажале како неефикасни во претходните кризи.

Македонски