Ново поскапување на горивата: Бензините поскапуваат за седум, дизелот за 6,5 денари за литар
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кое стапува на сила од полноќ. Просечното поскапување изнесува 8,98 отсто во однос на претходно утврдените цени.